Македонија
10. November 2022 - 16:46

Безбедноста и стручноста, или партиската припадност - Што ќе им пресуди на идните контролори на летање?

Дали ќе се поништи конкурсот за обука на нови контролори за летање во М-нав?

Државаната комапнија за следење на цивилниот авиосообраќај е среде нов скандал, откако синдикатот и здружението на контролори обвинуваат дека тројцата директори намерно го кочат стартот на обуката на најквалитетните кадри.

Појаснуваат дека од 270 пријавени кандидати, строгите тестови според критериумите на Еуроконтрол кои ги спроведува лиценцирана данска компанија ги минале само 8 кандидати. Но меѓу овие 8 не биле како што велат,  пријавените  деца на високи државни функционери, но и синовите на двајцата директори на М-нав. Овие кандидати не го минале ниту првиот круг од тестирањето.

Иако селекцијата е завршена, Управниот одбор на М-нав се уште ги нема потпишано документите за да стартува обуката, а компанијата од денеска остана и без 12 вработени, меѓу кои заменици, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори, кои поднесоа оставки поради самоволието на тројцата директори.

И од Здружението на контролори за летање предупредуваат дека ако во следните 10 дена избрание кандидати не ја стартуваат обуката, Македонија најмалку 2 години нема да има нов и обучен кадар кој ќе го контролира македонското небо, со што се отвора сериозно безбедносно прашање.

Управниот одбор на М-нав пак се сомнева во компетентноста на данските експерти кои ги спроведуваат тестирањата. Директорот на Управниот одбор  Фахрудин Хамиди во телефонски разговор за Сител не сакаше да ги кометира обвинувањата, а преку писмена реакција од компанијата велат дека не се кочи стартот на обуката, туку дека се бара објаснување од Данците за целиот процес на селекција и начинот како се дошло до избор на овие 8 кандидати.

Од владата се засега без коментар за новиот скандал во кој се најде државата компанија. Велат дека рабоата се уште не е завршена бидејќи конкурсот е во тек, а според меѓународните стандарди, МНАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Еуроконтрол.