Македонија
5. September 2022 - 16:45

Безбедносна конференција во Дојран

Сите елементи поврзани со безбедноста не треба да се стават на картата на членството во НАТО, смета професорот од филозофскиот факултет Марјан Ѓуровски. Според него искуствата од ковид пандемијата и претходните природни непогоди покажале дека  се неопходни измени и подобрување на законската регулатива, но и подобрување на координацијата на безбедносниот систем во кој и власта и опозицијата ќе ги доближат своите позиции.

Механизмите за безбедност, мирот  и развојот кои се поврзани со севкупните промени, од  политички, воени, геополитички, економски, општествени и еколошки прашања се дел од меѓународната конференција за безбедност која  се одржува во Дојран а на која учествуваат 80 учесници од земјата и странство изјави Марјан Ѓуровски, професор на филозофкиот факултет

,, Сите искуства кои ги имаa и Македонија и Босна и Херцеговина во самата реализација и смирување на состојбата за време на мигрантската криза се наши искуства кои ќе ги пренесеме тука и во тој смисол да најдеме нови алтернативни решенија како да се намали дополнителниот притисок на нашите земји со цел стабилна ситуација во пресрет на она што ни доаѓа следната година, односно економската и енергетската криза која дополнително ќе ги оптерети и нашите власти и граѓаните.,, рече Јасмин Ахиќ декан на Факултет за Криминалистика во Сарајево.

За министерот за правда ваквите научни конференции претставуваат добра можност за размена на мислења и искуства, но и поттикнување на научната ,мисла и нејзиниот развој.

Научната конференција е во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје изјави Никола Тупанчевски, министер за правда