Македонија
1. October 2016 - 19:51

Без вода утре дел од општина Центар

Без вода утре од 12 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Ацо Караманов“, „Караорман“ и детската болница Козле.

Прекинот во водоснабдувањето е поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 на улицата „Ацо Караманов“ во кругот на вилите Водно.