Македонија
8. јуни 2018 - 11:14

Без вода улиците „Македонија“ и „Даме Груев“

Корисниците на ул.„Македонија“ на потегот од ул.Димитрие Чуповски до ул.„Даме Груев“ во центарот на Скопје, од изутрината во 08:00 се без вода поради промена на три затворачи од  Ф-80мм, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Баз вода се и корисниците на улицата „Даме Груев“. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување со преземените активности.