Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини

Поради уличен дефект Ф-300мм на ул.Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, од синоќа од полноќ прекинато е водоснабдувањето за корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица.
Како што соопшти РЦУКК Скопје по известување на ЈП Водовод и Канализација, на санирањето на дефектот ќе се работи од 09:00 часот утрово, а прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до санирање на дефектот.
По известување добиено од ЕВН Македонија АД, пак, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во делови од неколку општини
Во периодот од 06.30 до 12.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од бул. Киро Глигоров, во општина Гази Баба, од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.143 до бр. 157.
Во Општина Кисела Вода во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул.Бистра (од ул. Живко Фирфов до ул.Гутенбергова), а од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисницитеод ул. Гутенбергова(од ул. Бистра до ул. Волтерова).
Во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Бриселска, и од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Иван Цанкар (парни броеви), ул.Франце Прешерн,(непарни броеви) и ул.Вангел Дину во општина Карпош.
Во периодот од 09.00 до 16.00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев во Општина Аеродром.
МИА
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
