Македонија
3. October 2020 - 21:09

Без вода корисници на ул. „Тале Христов“ и „Костурска“ во Скопје

 Прекин во водоснабдувањето вечерва од 19 часот имаат корисниците на улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ поради дефект во водводната мрежа.

Дефектот  е на ул.„Босна и Херцеговина“, крстосница со ул. „Тале Христов,  Скопје Север.

Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.