Македонија
18. October 2024 - 8:32

Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини

РЦУК информира дека без вода утрово од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од  ул. „Васил Стефановски“ 16. Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм и ќе трае до завршување на работните активности.

Без струја во одреден период од денот ќе бидат делови од неколку скопски општини.

Поради планирани прекини без електрична енергија ќе бидат:

-Во период од 09,00ч до 15.00ч дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево (општина Зелениково)

-Во период од 09.00ч до 12.00ч дел од корисниците од с.Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).

-Во период од 09.00ч до 14.00ч во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром) 

Ново на Сител