Македонија
25. May 2016 - 18:44

Без вода дел од Центар

Без вода утре од 8 часот ќе останат корисниците од улиците „Даме Груев“, „Максим Горки“, 8-ма Ударна Бригада и Плоштадот Македонија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф – 200 мм на ул.  „Даме Груев“  бр. 10 и ќе трае до неговото отстранување. бк/15:50