Македонија
6. September 2022 - 9:38

Без вода дел од булевар „Борис Трајковски“, улица „Панче Неделковски“ и дел од „Серава“

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска од 09:15 часот без вода ќе бидат корисниците од булевар „Борис Трајковски“, делови од крак 3 крак 5 и крак 7. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на шибер ф 200 мм на булевар „Србија“.

Корисниците ќе бидет без вода од 09:15 часот до завршување на работите.

Поради уличен дефект ф 2“ на улица „Серава“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и дел од Серава од 09:20 часот до санирање на дефектот.