Македонија
25. September 2019 - 10:58

Без струја утре повеќе општини во Скопје

 Поради техничките зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 04:00 до 06:00 часот ќе бидат корисниците од селата Стајковци, Арачиново, Марино, Кадино, Илинден, Бела Земја, област Белви.

Во периодот од 10:00 до 12:45 часот ќе бидат корисниците на дел од селото Бојане.

Од 04:00 до 06:00 часот корисниците од селата Кондово, Рашче, Радуша, Дворце, Копаница, Бојане, Горно и Долно Свиларе, хлоринаторна станица Рашче, ц пумпа Рашче, каптажа Ражче, Грачани и дел од селото Кучково.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата „Речиште“ (покрај каналот)