Без струја утре повеќе делови од Скопје
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Бутел и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Андреа Зограф“, „Црногорска“ бр.14 (од број 2 до 14), „Црногорска“ од број 2 до 72, „Црногорска“ бр.49 и 51 и околината, „Александар македонски“ позади бензинската пумпа и околината, дел од улица „Смилевска“, дел од улицата „Борис Сарафов“ (во близина на бензинскат пумпа и околината), Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 08:55 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љуботен, кои се наоѓаат помеѓу селата Љуботен и Љубанци, Општина Бутел.
Во периодот од 11:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата „Стив Наумов“, Општина Центар
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
