Без струја утре повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош, Кисела Вода и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците околу „Гама Градба“, хотел „Беровиќ“, местото викано Ќупријан во Општина Студеничани.
Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од Бул.„Партизанска“ бр.72 и бр.74 и објектит во нивна близина, ул.„Волгоградска“ бр.1 и бр.2, објкти во нивна близина во Општина Карпош.
Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Сердарот“, населба Подстаница Драчево во Општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Никола Тесла“ бр.1 и бр.78, ул.„Бранислав Нушиќ“ бр.9 во Општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од ул.„Милан Марковиќ“ во Општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат ќе бидат корисниците од ул.„Васил Стефановски“ бр.7, Амбасада на Република Црна Гора, дел од ул.„9-ти Мај“ во Општина Центар
Ново на Сител
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
