Без струја утре неколку скопски општини
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Гази Баба, Центар, Илинден, Аеродром, Петровец и дел од општина Карпош.
Во период од 08:40 до 12 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Трубарево“, кај Црквата, улица 1 и 2, дел од улица „Благоја Стефановски“ кај Црквата и дел од улица „Вера Јоциќ“ кај Црквата, во општина Гази Баба.
Без електрична енергија утре од 16:30 до 21:00 часот ќе бидат корисниците околу кружниот тек кај кафулето Круг, улица „Орце Николов“ од број 93 до 99, Хелсиншки комитет на улица „Наум Наумовски Борче“ од „Ленинова“ до „Илинденска“ и Министерство за култура на улица „Мирослав Крлежа“, во општина Центар.
Од 05:30 до 12:30 часот без електрична енергија, во општина Илинден ќе биде цела индустриска зона покрај автопатот-Сатра, Ролопласт, Каз Груп па се до Вичишки Комерц, цел регион од Сатро до складот Макпетрол, по должина на автопатот, Хотел Белви-од 05:30 до 06:00 часот, а потоа од 12:00 до 12:30.
Без струја од 13:00 до 16:00 часот утре ќе биде и објектот на HANTERSLIFE – Дом за стари лица, дел од село Катланово што се напојува од ТС Младинска населба Катланово, во општина Петровец.
Во период од 06:00 до 07:30 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Анастас Митрев“ и дел од улица „Венјамин Мачуковски“, во близина на маркетот ЗУР, во општина Аеродром. Без електрична енергија ќе биде и дел од улицата „Петар Ацев“, во период од 09:00 до 16:00 часот.
Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе биде улица „Димо Хаџи Димов“ куќни броеви непарни од 45 до 55 и куќни броеви парни од 42 до 68, во општина Кисела Вода.
Без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Ракотинци, односно во период од 09:00 до 11:00 часот, помеѓу зградата на Општина Сопиште и основното училиште во село Ракотинци.
Во период од 10:00 до 12:00 часот без напон ќе останат трафостаниците ТС Брњарци 1 и 2, ТС Обиколница 1 и 2, ТС Давос, ТС Жик Краварство, ТС АРС Комерц, дел од Обиколницата која се напојува од ТС Обиколница 1 и ТС Обиколница 2, цело село Брњарци, населба Сингелиќ, односно дел од улица „Методија Андонов Ченто“, бензиската пумпа Лукоил, Мерцедес Бенц, Дизел Техник, Беса Компани и фирмите во околина
Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улица „Франце Прешерн“, во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Приведен велешанец баран со потерница, на друго лице му нанел тешка телесна повреда од која лицето починало
-
Приведен радовишанец кој извршувал кражби во Струмица и Радовиш
-
Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови
-
Трамп вели дека има право да депортира мигранти без судење
-
ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола
-
Деветмина загинати и 30 ранети во руски напад врз украинскиот град Марханец
-
ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2 проценти
-
На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица