Македонија
8. May 2017 - 10:56

Без струја утре делови од Шуто Оризари, Карпош и Сарај

Без напојување со електрична енергија поради технички зафати утре ќе останат дел од корисниците во Шуто Оризари, Сарај и Карпош.

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот дел од корисниците од ул. Нов Живот, ул. „Пелагонија“, ул. „Брсјачка Буна“ и дел од ул. „Злетовска“ во Општина Шуто Оризари, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од фирмата Еми Ком- Исмаил во Општина Сарај, од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Римска,  ул. Бахар Моис и ул. Наум Евро во Општина Карпош и од 08:30 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. Леринска, дел од ул. Ловќенска, дел од ул. Копачка, како и дел од ул. Илија Плавев во Општина Карпош.