Македонија
28. August 2019 - 12:38

Без струја утре делови од Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Петровец и Карпош

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Петровец и Карпош.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во електро-системот.

Во периодот од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од околината кај ресторан „Оаза“ во Општина Шуто Оризари, а од 9 до 15 часот корисниците од населбата Волково – улиците „60“, „95“, „100“, „101“ и „103“ во Општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 10 до 15 часот ќе бидат корисниците на улицата „Речиште“ во населбата Драчево на излезот кон Студеничани во Општина Косела Вода, а во периодот од 08:15 до 13:30 часот, корисниците од населбата Чојлија кај наплатната рампа Петровец во Општина Петровец.

Во периодот од 08:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од околината кај бензиската пумпа „Топ – трејд“ во Општина Карпош.