Без струја утре делови од неколку скопски општини
Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Томе Стефановски“ и дел од улицата „Шандор Петефи“ во населбата Драчево. Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата „Козле“, под улицата „9“, под улицата „17“.
Во периодот од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од улицата „Вич“ зграда број 2 и број 4 и улицата „Разловечко востание“ згради со броевите 2, 4 и 10.
Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од улицата „Његошева“ и улицата „Софиска“. Од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата „Варшавска“ и улицата „Париска“ .
Од 11:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“ и објектот на Институтот за сеизмологија. Од 08:45 до 11:30 часот, корисниците од Австриска Резиденција, улицата „Караорман“ и дел од улицата „Димитар Пандилов“.
Од 08:05 до 14:00 часот, корисниците од улицата „Тодор Чопов“, дел од улицата „Сава Михајлов“, и дел од улиците „Алија Авдовиќ“, „Константин Петковиќ“, „Роман Каскалиевиќ“, „Пролетна Офанзива“, „Трајко Китанчев“, „Надбискуп Чекада“, „Радован Ковачевиќ“, „Спиро Црне“, „Неготинска“, „Христофор Жефаровиќ“, „Тодор Ецов“ во населбата Сингелиќ.
Прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец