Македонија
9. јуни 2016 - 11:30

Без струја утре делови од Кисела Вода

Без електрична енергија утре ќе бидат неколку делови од скопската општина Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија информира дека од 8 до 11 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата Саса, а од 9 до 10 часот, корисниците од улицата „Дарвинова“ од бр.13 до бр.17.

Струја од 9 до 11 часот ќе немаат и жителите од улицата „Пушкинова“.