Македонија
2. October 2016 - 19:48

Без струја утре делови од Ѓорче, Центар и Аеродром

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Ѓорче Петров, Центар и Аеродром.

Во време од 08:00 до 10:00 часот  без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Стогово во општина Ѓорче Петров, од 08:00-13:00  часот корисниците од ул. Даме Груев  во општина Центар, од 08:30-15:00 часот корисниците дел од ул.Тодор Чангов во општина Аеродром  и од 10:00-15:00 часот корисниците  ул. Даме Груев како и стопанските и нестопанските објекти  во општина Центар.