-->
-->
Без струја делови од Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чаир
-->
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба. Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улицата „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 13:00 часот од дел од улицата „Копачка“ во општина Карпош. Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе има на дел од улиците „Крсто Арсенов“, „Добри Даскалов“ и „Емин Дураку“ во општина Чаир, а од 08:00 до 15:00 часот дел од корисниците на населбите Чукур и Трубарево во општина Гази Баба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст