Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров
Корисниците од дел од ул. „Саса“, подулици 2 и 4 (спроти градинката во населба Пинтија) во општина Кисела Вода во понеделник, 3 февруари, од 9 до 12 часот ќе немаат струја, соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД дека се планирани технички зафати во електросистемот.
Во оваа општина задутре од 8.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Серска“ и „Чедомир Кантарџиев“.
На 3 февруари од 10.30 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од делови од улиците „Богомилски поход“ и „Тодор Чангов“ во општина Аеродром.
„ЕВН Македонија“ АД најави прекини на струја поради технички зафати и за вторник, 4 февруари, кога од 8.30 до 15 часот ќе немаат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – подулица 48 и околните подулички во општина Аеродром.
Од 8.30 до 15.30 часот во вторник без струја ќе бидат и корисниците од село Нова Брезница – делот од селото под селската чешма во општина Сопиште, а од 9 до 15 часот и корисниците од дел од село Кучково во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид