-->
-->
Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
-->

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во оштина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот дел од корисниците на ул.„Тодор Чангов“ 30 и 38 во општина Аеродром, а од 11 до 13 часот, дел од корисниците на ул. „Ѓорѓи Динката“ кај Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Кисела Вода.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
