Без проблеми се одвива гласањето на болните и изнемоштени лица во Берово, Делчево, М.Каменица и Пехчево

Гласањето на болните и изнемоштени лица во Берово, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево се одвива без никакви проблеми. Вкупната бројка на болни и изнемоштени лица кои денеска во рамки на Претседателските избори гласаат во овие четири општини изнесува 440 лица.
– Во Берово денес гласаат 140 болни и изнемоштени лица или допплнителни 40 болни и изнемоштени лица повеќе во однос на првиот круг. Гласањето се одвива без проблеми, соопшти Мишо Догазанско од Општинската изборна комисија во Берово.
Најголем број на болни и изнемоштени лица кои денеска гласаат се регистрирани во Делчево.
– Во Делчево гласањето на болните и изнемоштени граѓани тече во најдобар ред. Во вториот круг во Делчево право на глас имаат 237 лица од оваа категорија граѓани што е за 42 повеќе во однос на првиот круг, соопшти Владимир Петровски, претседател на Општинската изборна комисија од Делчево.
Во двете најмали општини на крајниот Исток, Пехчево и М.Каменица не се забележани проблеми во текот на гласањето во домашни услови. Своето право на глас како што соошштија од Општинските изборни комисии во овие две општини, можат ќе го остварат вкупно 100 лица. Од нив 63 лица во Пехчево и 47 болни и изнемоштени граѓани во Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
