Без проблеми почна гласањето во Кавадарци, Демир Капија и Росоман
Без проблеми почна утрово вториот круг од локалните избори во Кавадарци, Демир Капија и Росоман, информираа претседателите на општинските изборни комисии.
Избирачкиот список брои 32.706 кавадарчани со право на глас. Како што соопшти претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов, се гласа на 60 избирачки места во Кавадарци.
Стојна Топчиева, претседател на Општинска комисија Демир Капија, информираше дека вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а денеска своето уставно право на глас демиркапијци можат да си го остварат на 11 избирачки места.
- Очекуваме и вториот круг како и првиот, да помине во мирна атмосфера, а гласањето да биде фер и демократски, нагласи Топчиева.
Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската општинска изборна комисија, соопшти дека во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а росоманци можат да избираат на десет изборни места.
Вчера во овие општини од Тиквешијата гласаа болните и изнемоштените. Во Кавадарци гласаа 128 болни и изнемоштени, а 35 кавадарчани го остварија своето право на глас во затвор.
Во Демир Капија гласаа 66 болни и изнемоштени. Еден демиркапиец гласаше во затвор.
Педесет болни и изнемоштени лице гласаа во текот на вчерашниот ден во Росоман, како и еден затвореник.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер