Без проблеми гласањето на болните и раселените во Кумановско
Без никакви проблеми се одвива распределбата на избирачкиот материјал и гласањето на болните и немоќните, раселените лица и затворениците во Куманово, соопштија денеска надлежните од Општинската изборна комисија.
- Денеска гласаат 166 лица, раселени и затвореници. Имаме и 212 болни и изнемоштени лица, додека во домашен притвор нема ниту едно лице на подрачјето на општина Куманово, изјави Ненад Саздовски, претседател на ОИК Куманово.
Во Куманово евидентирани се вкупно 90.848 гласачи од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица. Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места.
На подрачјето на општина Старо Нагоричане, навреме е дистрибуиран избирачкиот материјал за 37. избирачки места. Гласањето на болните и немоќните, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане Драган Јовановски, се одвива без проблеми.
И во општина Липково денеска гласаат 107 болни и изнемоштени лица. Избирачкиот материјал се дистрибуира без никакави проблеми во 36 избирачки места,и нформираше Лирим Јашари, претседател на ОИК Липково.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток