Без проблеми гласаат болните и изнемоштените во неколкуте општини во Тиквешко
Без проблеми гласаат болните и изнемоштените во неколкуте општини во Тиквешко. Во Кавадарци гласаат 83 болни и изнемоштени, а избирачкиот список брои 32.671 избирачи. Утре ќе се гласа на 60 избирачки места.
Како што информираше Нетка Веселинова, претседател на Општинска изборна комисија во Неготино, денес гласаат 84 болни и изнемоштени неготинци. Бројот на избирачи е 16.073, а утре ќе се гласа на 27 избирачки места.
Стојна Топчиева, претседател на Општинска комисија Демир Капија, соопшти дека во тек е гласањето од страна на 49 болни и изнемоштени. Вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.404, а утре своето уставно право на глас ќе можат да го остварат на 11 избирачки места.
Триесет и едно болно и изнемоштено лице гласа во текот на денешниот ден во Росоман, вели Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската општинска изборна комисија. Во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а утре росоманци ќе можат да избираат на десет изборни места
Ново на Сител
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата