-->
-->
Без победник на „Вестфален“
-->

РБ Лајпциг остана непоразен на тешкото гостување кај Борусија Дортмунд, откако во луд меч успеа да извлече 3:3 реми.
Дортмунд успеа да дојде до одлично 2:0 водство во првото полувреме со головите на Јулијан Вајгл (23. минута) и Јулијан Брант (34. минута), но несфатливо во шест минути во второто полувреме дозволија Ред Бул да израмни.
Тимо Вернер прво ја искористи катастрофалната грешка на голманот Роман Бирки во 47. минута да намали на 2:1, а во 53. минута „милионерите“ му дадоа нов подарок кога му ја вратија топката пред голот на Бирки за 2:2. Вернер повторно покажува дека е еден од најдобрите млади фудбалери, откако во само 23 меча за Лајпциг оваа година има 21 гол и 9 асистенции.
Меѓутоа, веќе во 53. минута, фантастичниот Џејдон Санчо уште еднаш го покажа својот талент по одличното додавање од Марко Ројс да ја врати предноста на домаќините. Сепак, Лајпциг покажа дека е сериозен тим, откако во 78. минута по уште еден „сомнителен“ потег на Бирки преку Патрик Шик израмни на 3:3.
Со поенот, Лајпциг останува прв на табелата со 34 поени, три повеќе од Борусија Менхенгладбах и четири пред Дортмунд на третото место.
БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Борусија Дортмунд – РБ Лајпциг 3:3
Аугзбург – Фортуна Диселдорф 3:0
Унион Берлин – Хофенхајм 0:2
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
