Македонија
20. October 2016 - 11:56

Без електрична енергија утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Чучер Сандево

Без електрична енергија утре од 9 до 13 часот, корисниците од с.Љубин во општина Сарај, а од 8 до 16 часот, корисниците на дел од ул.„58“ во с.Волково во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија утре 08:30 до 14 часот, ќе бидат корисниците на дел од ул.„Московска“ кај пазарот, дел од ул.„Лондонска“ кај Топлификација, дел од ул.„Варшавска“ во општина Карпош, а од 09:20 до 15 часот, дел од корисниците од с.Долно Блаце, Блаце, Граничен премин, дел од с.Горно Блаце во општина Чучер Сандево.