Бев верена и се спремав за свадба: Потоа го запознав него и точно после 9 дена се венчавме - еве како се случи

Беше 1964 година. Јас бев млада, работев како агент за недвижнини и бев верена. Венчавката се приближуваше со брзина на светлината, и со голема желба ја очекував.
Тогаш едно попладне еден млад човек влезе во мојата канцеларија. Во текот на нашиот краток разговор, ми рече дека неодамна се вратил од странство и дека сега работи како новинар во градот. Нормално, бара да најде стан. Му покажав какви понуди имаме. Ми рече дека не му се допаѓа ништо но дека секако ќе се врати бидејќи планира да ме земе за жена.
Иако бев верена и тој го знаеше тоа, секој ден доаѓаше кај мене на работа и ме канеше на состанок. Беше толку многу упорен што на крај решив да излезам со него. Отидовме во друг град, каде што порано не сум излегувала, па се ми беше интересно. Му ги дадов клучевите од мојот бел автомобил па продолживме со прошетка низ градот, само што тој сега возеше. Успеавме да потрошиме цел резервоар и доцна навечер се вративме во местото каде што живеев.
Не сакав да го испратам да си оди со јавниот превоз па повторно му ги дадов клучевите од автомобилот. Дури откако си отиде, сфатив дека воопшто не знам ни како ми е презимето ниту пак каде живее. Но му верував, а ни самата не знам зошто.
Следното утро, во недела, дојде во мојата канцеларија да ми ги даде клучевите. Следниот ден, во понеделник, разговарав со колешката која ме прашуваше вообичаено како ми поминал викендот. И реков дека излегов со еден идиот кој не е мојот вереник и кој е убеден дека ќе му бидам жена.
Во среда отидовме да подготвиме документи за венчавката. Во петок во последен момент трчавме во златара да купиме бурми. Во недела, штом и двајцата завршивме со работа, отидовме да се венчаме.
Во понеделник повторно разговарав со истата колешка. Ме праша каков ми беше викендот. И реков дека се омажив за идиот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ
-

Кривична за Фатмир Дехари и две други лица, го оштетиле буџетот на Кичево за 1.400.000 денари
-

Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено за возачка дозвола
-

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ, и по 2028, ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
-

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството
-

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
-

Камион усмрти крава на патот Крива Паланка - Куманово, возачот се обидел да избега | ФОТО
