Бев студентка и работев за минимална плата! Потоа станав спонзоруша и сега ќе си купам сопствена куќа
За Кејти Плеј екставагантните вечери, дизајнерската облека и ташните, како и скапиот накит се секојдневица. Сметки не плаќа со години, а со само 22 години веќе има доволно пари да си купи сопствена куќа во Сиднеј.
Пред една година Кејти не помислувала дека ќе живее ваков живот. Работела во ланец ресторани за брза исхрана и паралелно студирала. А тогаш слушнала за светот на спонзорите кои сакаат на своите спонзируши да им ги платат сите животни трошоци и така ја почнала нејзината нова „кариера“.
Се почнало откако направила профил на еден сајт специјализиран за спојување на спонзори и спонзоруши. Првиот човек на кого налетатала имал 30 години, бил разведен и „само му требало женско друштво“.
- Само седевме и разговаравме, понекогаш одевме во кино или јас ќе отидев кај него дома и таму учев, вели Кејти за Дејли Меил и додава дека за тие активности од него добивала 500 долари неделно. Меѓутоа, наскоро го раскинала договорот со него затоа што сакал озбилна врска.
- Тој не сакаше секс, но јас сакав, вели Кејти и додава дека наскоро пронашла нов спонзор. Тој имал 32 години и со него се гледала 3 месеци. Се гледале, како што вели, еднаш до два пати неделно и правеле се што прават вистинските парови, вклучувајќи и секс.
И од него добивала 500 долари неделно, но и многу накит и слични ситници.
- Тие врски се како вистинсите, озбилни љубовни врски. А парите се само црешата на врвот од тортата, уверува оваа девојка.
По него, имала уште неколку спонзори - сосема доволно сега Кејти да има доволно пари за сопствена куќа.
- Да, кријам од своите познаници и пријатели дека сум спонзоруша затоа што околу тоа постои многу стигма и табуа. Луѓето се огорчени, а незнам зашто. Преовладува мислење дека спонзорушите се неозбилни и немотивирани, а погледнете ме само мене - јас сум успешна студентка која гордо заработила многу пари. Не гледам ништо лошо во својата работа - спонзорството е обостран договор и двете страни знаат што добиваат, заклучува оваа девојка.
Ново на Сител
-
Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон
-
Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација „Skopjebus”
-
Албанија со историски највисок буџет во 2025 година, проектиран на 8,2 милијарди евра
-
ЦУ: Запленета спортска опрема, храна за миленици, цигари и тутун
-
Македонските одбојкари ќе играат во Златната лига, одбојкарките во Сребрената лига
-
Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен
-
92 годишник во тетовско прегазил тројца пешаци
-
Одложени консултациите кај Сиљановска за реформи на системот за помилување