Спорт плус
13. October 2024 - 12:51

Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Двајца од тројцата судии му донесоа предност на Канаѓанецот (115-113, 116-112), додека третиот судија ја прогласи борбата без победник (114-114).

И двајцата боксери беа непоразени пред борбата во Ријад, во сопственост на 33-годишниот Бивол беше појасот на ВБА верзијата, а Бетербиев (39) беше актуелен првак на ВБЦ, ВБО и ИБФ.

„Не ми се допаѓа како боксував, малку ми беше непријатно во рингот, бидејќи обично не го чекам ѕвончето. Но сепак победив и настапот ќе се заборави“, изјави Бетербиев.

Борбата во главниот град на Саудиска Арабија во „Кингдом Арена“, првично требаше да се одржи во јуни, но Бетербиев го повреди коленото и пресметката беше презакажана за октомври.

Последниот неприкосновен шампион во полутешка категорија беше Американецот Рој Џонс Јуниор, кој го победи Реџи Џонсон и ги обедини појасите на ВБА, ВБЦ и ИБФ уште во 1999 година.