Македонија
5. September 2015 - 20:08

Бесплатно инвитро за трето и четврто дете

Владата размислува на лицата кои сакаат трето или четврто дете да им даде можност за користење на ин витро оплодување. Оваа можност која ја пружа владата, досега важеше само за прво и за второ дето, но последните анализи кои биле направени укажуваат на можноста за нејзино проширување. Премиерот Груевски изјави дека се размислува и за укинување на партиципацијата од 6000 денари која е само 20% од вкупната сума.

Според премиерот Груевски, Владата за реализација на овој проект годишно инвестира еден ипол милиони евра на годишно ниво со цел да им се излезе во пресрет на луѓето кои бараат ин витро оплодување.