Бесплатни селф тестови за невакцинираните ученици во Грција
Во пресрет на новата учебна година што започнува во понеделник, невакцинираните ученици во Грција од денеска имаат можност од аптеките да подигнат шест бесплатни селф тестови, што се задолжителни два пати седмично за следење на наставата, јави дописничката на МИА од Атина.
Како и минатата учебна година, кога по карантинот се отворија училиштата, така и сега, учениците во Грција ќе се тестираат со бесплатни тестови за домашна употреба, односно т.н. селф тестови.
Од Министерствата за здравство и образовани на Грција соопштија дека шесте бесплатни тестови се за да се покријат потребите за тестирање на учениците за месец септември.
Селф тестот е задолжителен два пати седмично, учениците ќе треба секој вторник и петок на училиште да носат потврда со негативен резултат од тестирањето направено во домашни услови до 24 часа пред пристигнувањето.
Од задолжителното тестирање исклучок се улениците кои прележале Ковид-19 и оние кои се вакцинирани.
Од двете Министерства во соопштението потенцираат дека тестирањето со селф тестовите е лесна и едноставна процедура, која се користи и во други земји за работа на училиштата, „помагајќи да се откријат илјадници случаи, а со тоа и да се намали ширењето на коронавирусот“.
-Но, сега веќе ја имаме и вакцина, моќно оружје против Ковид-19. Ги охрабруваме родителите на ученици на возраст од 12 години и постари, кои се уште не ги вакцинирале нивните деца да го искористат овој штит против вирусот, со што на овој начин, ќе помогнат да се изгради колективниот имунитет, истакнуваат од Министерствата за здравство и образовани на Грција.
Учениците од основните и средните училишта во Грција, под специјални протоколи, од понеделник се враќаат во училишните клупи.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја