Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Кисела Вода во соработка со Институтот за јавно здравје и волонтерите од Црвен крст, денеска организираше акција за бесплатни здравствени прегледи.
Настанот се реализираше на две локации, во паркот Македонија и во Паркот на бранители во Драчево, каде во периодот од 10:00 до 12:00 часот присутните граѓани имаа можност да ја проверат својата здравствена состојба. Акцијата опфати мерење на крвниот притисок, проверка на нивото на шеќер во крвта, како и давање на други превентивни здравствени услуги и стручни совети.
На настанот присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.
- Грижата за здравјето на жителите е наш врвен приоритет. Преку ваквите иницијативи директно придонесуваме кон подигнување на свеста за важноста на превентивните прегледи и редовната здравствена контрола. Општината континуирано ќе поддржува и реализира проекти кои го подобруваат квалитетот на животот. Сакам лично да и се заблагодарам на директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, како и на волонтерите од Црвениот крст за поддршката и успешната реализација на овој настан-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
