-->
-->
Бесплатни прегледи по повод месецот на машкото здравје во геријатриската болница во Скопје
-->

По повод Месецот на машкото здравје - Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” - Скопје денеска со почеток во 10 часот ќе се вршат бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата.
Целта е подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје. Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето, информира болницата „13 Ноември” - Скопје.
Уролошки прегледи ќе врши Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, а ехо на бубрези и простата докторките Марика Филипова и Марија Сековска - специјалисти интернисти во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
