Балкан
5. May 2017 - 12:30

Беспаќата на Турција

Вима - Атина

По неодамнешниот референдум во соседна Турција, беа поставени основите за создавање на политички систем во кој доминантни ќе бидат турско-сунитските социјални и политички сили, а антисистемските Курди и алевити ќе бидат уште повеќе маргинализирани, како и сите други малцински групи и либерални гласови.

Новиот устав на Турција ќе биде уште полош од тој на диктаторот Кенан Еврен од почетокот на 80-те години од минатиот век.

Веќе повеќе месеци земјата е во вонредна состојба, а истовремено тече трескавата подготовка за големи воени операции на Блискиот Исток.

Чистките во турската државна машина продолжуваат со несмалена жестина, а наскоро ќе се прошират и во внатрешноста на владејачката Партија на правдата и развојот по враќањето на Реџеп Тајип Ердоган на лидерската позиција. Радикални разместувања се очекуваат и во турското Министерство за надворешни работи.

Случувањата во Турција во последно време не остава никаков сомнеж, дури и меѓу најдобронамерните во Грција и на Западот, во однос на карактерот на режимот и неговите реални стремежи на Блискиот Исток и Источниот Медитеран.

Обидувајќи се да ја опишеме накратко ситуацијата, можеме да кажеме: турската „длабока држава“ и нејзината политичка витрина - партиите, исламски и кемалистички, сакаат и се стремат да ги постигнат следните нешта:

Прво, да се спречи создавањето на независна курдска држава во Северна Сирија и Северен Ирак.

Второ, турската Влада се стреми да ги уништи сите курдски политички мрежи внатре во Турција што не се контролирани од државата.

Трето, турската држава си постави за цел да држи под контрола и да не дозволи враќање на општествените текови за либерализација и кои претставуваат инспирација за милиони млади луѓе, најмногу алавити и Курди.

Четврто, во тек е целосна чистка на државниот и партискиот апарат од кадри кои потпаднале под влијание на меѓународната мрежа на проповедникот Фетулах Ѓулен и нивна замена со националисти и исламисти, блиски до Ердоган.

Петто, турската Влада сака да ја претвори земјата во меѓународен центар за пренос на енергија кон Европа.

Шесто, сегашната Влада се саморекламира како заштитник и лидер на сите муслимани во светот, и во врска со тоа се базира на антизападна реторика.

Седмо, турската држава се стреми кон понатамошна измена на демографските баланси во земјата, во корист на внатрешните социјални, етнички и религиозни групи и ќе ги засили центрофугалните сили во нив. Тие ќе иницираат пракси за насилствена внатрешна конфронтација и нќе ги забрза сепаратистичките тенденции.

Би било големо изненадување ако турската Влада преземе сензационално свртување и се осмели да ги пушти од затвор лидерот на курдското движење Абдула Оџалан и да се договара со него.

Слично нешто би ги негирало досегашните очекувања и оценки и би ги преформулирало параметрите на „проблемот Турција“.