Македонија
27. July 2015 - 16:24

Бескрајни барања на СДСМ надвор од договорот

Серијата потписи на Заев на договорите од Пржино и Брисел не се никаква гаранција дека на 24 април, идната година, во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори, коментираат експертите. Според нив, СДСМ ќе направи се што е во нивна моќ за да побегнат од соочувањето со граѓаните.

„Договорот ништо не гарантира, само можеме да кажеме дека целата земја ја врати назад, од една сериозна страна, додека од друга беше сериозен исчекор напред од кризата која беше наметната и која државата ја врати десетина години назад. Мисла дека тој е многу комплициран, навлегува во толку закони,од Уставот па во закони, во многу пори од општественото живеење и мораме да бидеме сите загрижени дека на крајот на краиштата силата која не сака избори ќе најде, една, две, сто причини да избега од него - вели  Ристо Никовски – Политички аналитичар

По потпишувањето на договорот од 15 јули, СДСМ преку медиумите кои ги држи под контрола константно испорачува нови барања кои не се дел од договореното. Од директор на МРТВ, преку прв човек на УЈП, Претседател во агенцијата за медиуми, до свој јавен обвинител и шеф на бирото јавна безбедност. СДСМ поставува  барања само за да не бидат прифатени, вели Никовски

„Ако некој не сака не можете да го натерате со сила. И да го натерате со сила пак ќе избегнува и на крај веројатно ќе избега. Сите тие додатни барања, измислици ако сакате, сите одат во една иста насока, да се направи се да се избегнат изборите наредната година, вели Никовски.

Според него, опозицијата е свесна дека нејзината деструктивна политика не поминува кај граѓаните и токму тоа ја плаши во април да ја побара нивната поддршка
 

Па јасно е дека гласачкото тело не им е наклонето, и последната анкета и од порано е познато дека еден голем дел од народот ја поддржува владејачката партија, бидејќи факт, е дека тие многу направија. Грешеа, не е спорно. Непотребни грешки направија. Но знаете, народот цени на крајот на краиштата и н можете да го излажете. Што и да направите, народот секогаш цени и никогаш не греши. – вели Никовски

И весникот Вечер вчера излезе со анализа според која СДСМ ќе продолжи да испорачува барања. Во таква ситуација, како што анализира Вечер, ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача свои барања како што е поставување на свој извршен директор и комплетно раководство на фондацијата СОРОС, која како што пишува весникот, претставува партиска институција на СДСМ.