Фудбал
24. December 2016 - 15:12

Бесир Демири официјално нов член на Вардар

Бесир Демири кој досега настапуваше за екипата на Шкендија, а во минатото го носеше дресот и на Шкупи. Како што информираат од клубот, договорот на Демири со Вардар е на три години. 
 
По промоцијата новиот играч на Вардар го истакна своето задоволство што ќе го носи дресот на актуелниот шампион.
 
„Задоволството е големо што станав дел од Вардар. Ова за мене е голем предизвик. Се надевам дека ќе ги исполниме амбициите на раководството на екипата. Амбициите и целите ми се познати, а тие тие се двојна круна оваа сезона. После тоа да направиме успех и на меѓународна сцена. Среќен сум што станав дел од Вардар, и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Да се подготвиме добро за предизвиците во пролетниот дел од сезоната. Со голем дел од играчите на Вардар се познавам од настапите во Првата лига и во младинската репрезентација, и мислам дека ќе немам проблем околу адаптацијата“, изјави новиот Демири.
 
 
Тој беше стандарден член на младинската селекција на Македонија која што во октомври обезбеди учество на Европското првенство во Полска 2017 година.