Бесими: Стартува реформата за унапредување на фискалната децентрализација
Стартува реформата за унапредување на фискалната децентрализација. Законските измени и дополнувања, на кои работеше Министерството за финансии, денеска добија зелено светло од Собранието.
Вториот столб од реформата е насочен кон зголемување на финансиската дисциплина на општините. За тоа се предвидени активности кои треба да водат кон реално планирање на приходите и расходите на општините, редовно сервисирање на долговите и поголема финансиска дисциплина, како и прогласување финансиска нестабилност на општините по сила на закон. Преку 10-годишна структурна обврзница, општините ќе можат да направат репрограмирање за надминување на проблемите со доспеаните, а неплатени обврски. Општините кои ќе прогласат финансиска нестабилност ќе може да користат и условен кредит од Министерството за финансии и да издадат општинска обврзница за познат купувач, односно Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково