Бесими: Платата за февруари и март работниците ќе ја добијат до 15 април
Предвидовме буџет кој мислевме дека ќе ги следи економските прилики. Имаше многу дискусии дали тие бројки се реални или не. За среќа, за нашата економија, тие проекции за првиот квартал се покажаа не како амбициозни, туку како реални, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, кој заедно со премиерот Зоран Заев и економскиот тим на Владата го презентираа збирниот ефект од четирите пакет мерки и реализацијата на буџетот.
Приходната страна на буџетот, како што истакна, има раст од 4,4 проценти, даночните приходи раст од 5 проценти, даноците се наплатени од 27,8 милијарди денари или се за 6, 2 проценти повисоки во однос на истиот период лани.
– ДДВ-то е со наплата од 13,1 милијарди денари и е повисоко за 11,4 отсто во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка имa наплата од 3,1 милијарди денари и е на ниво повисоко за 5 отсто во однос на лани, увозните давачки се наплатени во износ од 1,870 милијарди денари и се повисоки за 10,4 отсто во однос на истото тримесчје лани, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8 отсто и наплата од 4,4 милијарди денари и придонесите се наплатени во износ од 16,3 милијарди денари и се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3 отсто, нагласи Бесими.
Расходите се извршуваат редовно и во рамки на проектираното. Раст има и кај капиталните расходи кои се реализирани скоро со 4 милијарди денари или 16,6 отсто во однос на планираното за целата година.
Буџетскиот дефицит е понизок за 7,4 проценти во однос на првото тримесечје минатата година што според министерот се должи на добрата реализација на приходите.
– Остварено е пониско ниво на дефицитот како резултат на добрата реализација на приходите. Односно дефицитот е само 1 процент од БДП доколку се исклучат каматите односно примарниот дефицит е само 0,7 проценти од БДП, посочи Бесими.
Охрабрувачки, според него, се податоците во март кога наплатата на приходите е 17,3 милијарди денари или за 14,2 проценти е повисока во однос на истиот месец лани. Повисока е и наплатата на даноците за 19,5 проценти. Наплатата кај ДДВ-то е 29,5 проценти повеќе во однос на лани, раст има кај персоналниот данок за 12,5 проценти, а расте и наплатата на акцизите со 12,6 проценти и на увозните давачки за 46 проценти.
Проекцијата за економски раст од 4,1 процент за годинава, како што оцени Бесими, е реална.
– Ние сме реални и сме свесни за предизвиците кои ги носи пандемијата. Се уште сме во период кога пандемијата е активна на светско ниво и кај нас. И од тој аспект, ние работиме и ги следиме евентуалните ризици и предизвици што доаѓаат од пандемијата, но затоа нагласувам дека основа и предуслов за реализација и на планот за забрзан раст е заздравувањето на економијата. На тоа сме фокусирани секојдневно, истакна Бесими.
Важна улога, според него, ќе има и Планот за финансирање нa забрзан раст во однос на зголемувањето на бројот на работни места, како и зголемување на капацитетите и инвестициите не само во приватниот, туку и во јавниот сектор.
Тој очекува Законот за поддршка на плати од петтиот пакет на економски мерки да се донесе брзо и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.
Бесими рече дека за побрза реализација на мерката, се реагира со амнадман двете плати да бидат дадени одеднаш.
– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – рече Бесими.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје