-->
-->
Бесими: Хан потврди-ќе се чека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и ДИК за предвремените избори во Македонија
-->

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими попладнево во зградата на Европската комисија во Брисел оствари средба со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според вицепремиерот Беисми, разговорот со Хан бил фокусиран на четири точки, а тоа се: организирање на предвремените парламентарни избори, итните реформски приоритети што на Македонија и ги препорача Европската комисија, како и за спроведувањето на Рамковниот договор и бегалската криза.
- Во однос на предвремените парламентарни збори, намера и желба на Еврокомисијата е тие да бидат организирани според меѓународните стандарди. За оваа цел, според Хан, ќе се чека извештајот за подготвеноста да се организираат изборите на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија, посочи Бесими за првата точка од разговорот со Хан.
Според македонскиот вицепремиер, во разговорите уште еднаш се покажало значењето за Македонија да го задржи фокусот во однос на итните реформски приоритети на ЕК, како што стои и во прогрес-извештајот на Комисијата, каде услов се организирање на успешни и демократски избори согласно меѓународните стандарди и прогрес во однос на итните реформски приоритети.
- Сето ова ќе биде основа во наредниот извештај што ќе треба да го подготви Европската комисија за Република Македонија, а врз чија основа и ќе се одреди понатамошната перспектива со цел Македонија да може да ги отвори преговорите во наредниот период, истакна Бесими.
Во однос на бегалската криза, според вицепремиерот за евроинтеграции на Македонија, Хан го поздравил тоа што Макеоднија го прави и двајцата размениле информации за плановите на Европската унија во наредниот период за справување со кризата.
- Говоревме и за поддршката што Еврокомисијата и ја дава на Македонија во овој поглед, како што беше вчерашната одлука за дополнителни 10 милиони евра за Република Македонија во однос на контролата на границата и регистрацијата на бегалците. А, во однос на Рамковниот договор, разговаравме за квалитативната анализа и што Република Македонија прави понатаму за подобрување на меѓуетничките односи, додава Фатмир Бесими.
Според заменик-претседателот на македонската Влада, тоа биле главните теми за кои разговарале со еврокомесарот Јоханес Хан. Бесими посочи дека немале како посебна точка на разговор можно доаѓање на Хан во Македонија, со оглед на тоа каква ќе биде агендата на комесарот и активностите.
- Се ќе се утврди во текот на неделата, но во секој сучај тоа не беше тема на денешниот разговор, дециден е Бесими.
https://
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
