Бесими: 30 години од донесување на првиот Буџет – едно од главните обележја на самостојна и независна држава
На денешен ден, пред 30 години е изгласан првиот Буџет од прогласување на независност на нашата земја, во вредност од 79,2 милијарди југословенски динари или денешни 1,2 милијарди евра.Министерот за финансии, Фатмир Бесими на својот Фејсбук-профил пишува дека Буџетот претставува едно од главните обележја на самостојна и независна држава.
– Оттогаш, секоја година по предлог на Министерството за финансии, Владата го предава предлог-буџетот до Собранието, во кој се планираат средства за економски развој, за капитални проекти, за здравство, образование, безбедност, екологија, наука и култура, пишува Бесими.
Министерот порача дека во добрите времиња Буџетот го поттикнува развојот, а во време на криза дава поддршка за пребродување на истата и дека Буџетот е од граѓаните – за граѓаните.
Тој додаде дека напорите на Министерството се насочени кон заздравување на економијата и постигнување на посакуваниот и потребниот економски раст и развој.
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
