Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари
Американскиот министер за финансии Скот Бесент предвидува дека САД би можеле да соберат од 300 до 600 милијарди долари годишно од царините.
- Првично, ќе имаме значителен приход од тарифите. Потоа приходите од фабриките, од данокот на доход од сите нови работни места ќе се зголемат. Така, ние ќе го заработиме тоа на домашно ниво како што ќе се намалуваат царините, изјави Бесент.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави драстични увозни царини во средата навечер, најголемата светска берза е под голем притисок.
За два дена Доу Џоунс потона за 9,3 отсто, додека СиП 500 загуби 10,5 отсто, а Насдак индексот за 11,4 отсто. Ова е најголем дводневен пад на тие индекси од 2020 година, кога на пазарите владееше паника поради пандемијата на коронавирус.
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“