БЕСА на Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата
Нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.
- Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави премиерот Зоран Заев по денешното судење за „Поткуп“.
Тој додаде дека дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.
Заев рче дека продолжуваат разговароте и со други субјекти, но не сакаше да споменува имиња бидејќи за тоа треба да одлучуваат органите и телата на политичките партии.
- Штом тоа ќе биде готово ќе се соопшти веројатно од самите партии кои ги номинираат кандидатите. Јас разговарав за кандидатите и мене ми е важно за какви личности се работи на што посветувам сериозно внимание, рече Заев.
Во контекст на тоа посочи дека до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието.
- При крајот на мај со новиот владин состав ќе разговараме за подолните ешалони, за директорски, заменички директорски места, подрачни единици и слично во функција на преземање на одговорноста на сите сегашни и нови партиципиенти на власта, истакна Заев.
Одговарајќи на новинарско пршање, Заев рече дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата.
- Доверба е релативна работа, јас зборувам за имиња и презимиња кои ќе учествуваат во Владата. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме. Можам само да кажам дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата, рече Заев
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал