Свет
22. November 2018 - 13:09

Бес на природата: По пожарите на Калифорнија и се заканува поголема катастрофа, најлошото допрва доаѓа

Бројот на настраданите во пожарот во северна Калифорнија порасна на 83, додека истовремено обилните дождови се закануваат да предизвикаа поплави и да ги отежнат напорите на спасителите во трагањето по исчезнатите и жртвите во огнената стихија која изби пред две недели.

Шефот на округот Бјут Кори Хонеа рече дека повеќе од 560 лица се водат како исчезнати, а во пожарот загинале уште две лица, со што билансот на настраданите се искачи на 83.

Поради дождот кој почн на паѓа на тлото опустошено од пожарот во областа Перадајс расте загриженоста поради потенцијалните свлечишта и други проблеми.

Овој викенд се очекува да падне меѓу 102 и 152 милиметри дожд по метар квадратен.