Берзата во Истанбул ги претвори сите парични средства во турски лири

Берзата во Истанбул ги претвори сите парични средства во турски лири, неколку часа откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повика турските граѓани и институиции да ја поддржат националната валута против доларот, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Во писменото обраќање од 2 декември Истанбулската берза посочува дека ќе ги претвори сите парични средства во лири и ќе ги држи сметките во турски лири.
Ердоган вчера ги повика Турците да ги продадат доларите, кои ги имаат и да купуваат злато и турски лири.
Повикот беше упатен во период на континуирано поевтинување на турската лира во однос на доларот.
- Оние кои ги држат девизите под перница, треба да ги претворат во злато. Тие треба да ги сменат парите во лири, изјави Ердоган вчера во Анкара.
По изјавата лирата повторно забележа пад во однос на доларот.
На отворањето трговски центар денеска во Истанбул Ердоган повторно ги повика Турците да ги претворат нивните девизи во злато или во турски лири.
Тој одговори на прашањето и дали луѓето ќе претрпат загуби при размената.
- Видете ова е национално прашање, има корист од тоа, нема да загубите, не стравувајте. Всушност другите странски валути предизвикуваат загуби кај турскиот народ, бидејќи се претставници на империјалистичката логика, рече тој.
Ердоган нагласи дека им предложил на Русија, Кина и Иран да вршат трговска рамзена со Турција во локална валута.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
