-->
-->
Берово го одбележа денот на градот
-->

Општина Берово, со низа активности вчера го одбележа 23 Август-Ден на ослободувањето. Одбележувањето во попладневните часови започна со положување цвеќе на Спомен плочата на загинатите борци во НОВ од Малешево пред Детската градинка „23 Август” во Берово, од страна на Делегации на општината и збратимените градови како и претставници од општествениот и јавниот живот.
Во својата честитка до граѓаните градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека „23 Август“ е ден кога започна изградбата на слободно Берово.
-Со својата упорност, пожртвуваност и храброст нашите истакнати предци, денешниот датум го запишаа во малешевската и македонската историјата. „23 Август“ е ден, кога на темелите на слободата и независноста, Општина Берово, започна повторно да се гради. Денес, градот гордо стои, исправен на предизвикот за унапредување на општественото живеење за поквалитетен и удобен живот на сите наши граѓани, прогресивно движење кон развој и напредок на нашата општина и остварување на целите кон евроинтеграција, рече Пекевски.
Одбележувањето на денот на градот, продолжи со Свечената седница на Советот на Општина Берово, која се одржа во Бизнис инкубаторот во Берово, каде што беа доделени и благодарници за институциите и поединците кои придонесуваат за равој на општината, а воедно беа доделни и парични награди, благодарници и пофалници за најдобрите ученици, наставници и професори за учебната 2018/2019 година.
Прославата на денот на Берово, продолжи со свеченото отварање на ,,Етно Плоштад Фестивал 2019″ во чии рамки на плоштадот „Димитар Беровски” на првиот ден од петдневната програма свој настап имаа Влатко Стефановски, Горан Алачки и Етно Малеш. Претходно како дел од програмата, започна и традиционалниот Саем на малешевски производи „Малешевијата на дланка“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
