Берлускони заради компликации со коронавирусот примен во болница во Милано

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е примен во болница во Милано поради компликации од инфекцијата со коронавирусот.
Здравствената состојба на Берлускони не е загрижувачка, ја цитираат британските медиуми партијата на Берлускони „Форца Италија“.
Неговиот личен лекар, Албето Зангрлио, во средата објави дека Берлускони е позитивен на Ковид-19.
Тогаш беше кажано дека Берлускони е асимптоматски, дека е во неговата вила во Милано и дека ќе остане таму 14 дена во карантин.
Додека пандемијата беше во полн ек, Берлускони беше во својата куќа во Ница, Франција, а потоа дел од одморот го мина на Сардинија, каде се дружеше со Флавија Бријаторе, сопственик на тамошната дискотека „Милионер“, омилено место на ексклузивните гости на островот.
Бријаторе, кој најави дека ќе ја тужи владата за најавата за затворање дискотеки, беше заразен како и повеќето од неговите вработени, но и голем број гости.
Веднаш штом беше објавено дека Бријаторе е позитивен на Ковид19, Берлускони, како што беше најавено, беше превентивно тестиран за вирусот, тој првиќно тој не беше заразен, но затоа најновиот тест потврди дека 83-годишниот претприемач и политичар се заразил со Ковид-19.
Ново на Сител
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
