Балкан
27. јуни 2016 - 14:27

Берлин: Патот на Турција до ЕУ е долг и комплициран

Патот на Турција кон членство во Европската Унија е долг и комлициран, а се уште е рано да се прогнозираат можните резултати од пристапните разговори, изјави денеска во Берлин портпаролот на германското Министерство за надвoрешни работи Мартин Шефер.

- Членството на Турција во Европската Унија е долг процес кој се наоѓа на средина од патот. Процесот не е едноставен, спротивно на тоа, тој е многу комплициран поради низа причини, рече Шефер.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тој дополни дека се уште е рано да се предвиди каков ќе биде резултатот од тешкиот процес на пристапување на Анкара во ЕУ.