Берлин откажа средба со израелската Влада поради законот за населбите
Германската канцеларка Ангела Меркел ја откажа средбата со израелската Влада поради неодамна усвоен закон во Израел, со кој се легализира изградба на еврејските доселенички населби на Западниот брег.
Според официјалното соопштение, средбата, која била планирана за 10 мај во Ерусалим, се откажува поради изборите во Германија, закажани за септември, но друга причина е незадоволството на Меркел од усвоениот израелски закон.
Од 2008 година Германија и Израел речиси секоја години одржуваат меѓувладини средби во Ерусалим или Берлин, на кои се потенцираат блиските меѓусебни односи.
Веднаш по усвојувањето на законот, германското Министерство за надворешни работи истакна дека „довербата, која ја имавме кон ангажманите на Владата во Израел за наоѓање решение, сега е сериозно разнишана“.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима