-->
-->
Берлин го поздрави ослободувањето на украинскиот пилот Савченко
-->

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер денеска изрази задоволство од ослободувањето на украинскиот воен пилот Надја Савченко, која речиси две години мина во руски затвор.
Ослободувањето на Савченко, која денеска беше разменета за двајца руски војници, е добра вест која долго ја чекавме, рече германскиот министер, според кого, размената може да даде поизитивен импулс за спроведување на „Договорот од Минск“.
Како што јави допсиникот на МИА од Берлин, помилувањето и враќањето во Украина на Савченко го поздрави и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој преку својот профил на социјалната мрежа Твитер порача дека нејзиното ослободување е „добра вест за семејството, пријателите и за цела Украина“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
